Дома Останати Кошарка Трибините ќе бидат полни, но мечот меѓу Македонија и Романија ќе може да се гледа и на ТВ

Трибините ќе бидат полни, но мечот меѓу Македонија и Романија ќе може да се гледа и на ТВ

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го започнува својот настап во претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Првиот предизвик за избраниците на селекторот Марјан Илиевски е натпреварот против селекцијата на Романија, кој ќе се одигра вечерва во спортската сала во Куманово.

Интересот за мечот е огромен – сите билети се распродадени, а салата ќе биде исполнета до последното место. Домашната публика подготвува жестока поддршка од трибините, со надеж дека токму таа ќе биде дополнителен мотив за нашите кошаркари да го отворат циклусот со победа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За сите оние што немаат можност да бидат присутни во салата, натпреварот ќе биде пренесуван во живо на Македонската радио-телевизија (МРТ).

Фото: КФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Харден во изненадувачки трејд си замина, Клиперс добија десет години помлад кошаркар

Џејмс Харден се пресели во Кливленд Кавалирс, откако Лос Анџелес Клиперс се согласија да г…