Дома Останати Кошарка Празник на кошарката во Куманово: Илиевски ги избра македонските воини за мечот со Романија (Фото)

Празник на кошарката во Куманово: Илиевски ги избра македонските воини за мечот со Романија (Фото)

Новиот кормилар на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, ја донесе конечната одлука околу составот што ќе настапи на вечерашниот натпревар против Романија во Куманово. По завршниот филтер, тој го избра списокот од 12 кошаркари кои ќе ја бранат националната чест.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од последната селекција беа изоставени Марко Миловановиќ, Марко Луканоски и Никола Василевски, кои и покрај тоа што нема да настапат, ќе останат во тимот и ќе ја поддржат репрезентацијата од клупата. Претходно од поширокиот список отпаднаа и Стефан Стојковиќ и Андреј Андоноски.

Натпреварот против Романија се очекува со голем интерес, а вечерва во салата во Куманово нашите избраници ќе имаат шанса да покажат карактер и тимска хемија под водство на новиот селектор.

Фото: КФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легенда жестоко удри по Дончиќ: Те плаќаат 50 милиони долари, издржи и играј!

Ситуацијата кај Лос Анџелес Лејкерси е на раб на паника откако во првата средба од полуфин…