Дома Останати Кошарка Македонската кошарка има нов херој: Судијката Ема ја доби најважната животна битка и се врати на терените!

Македонската кошарка има нов херој: Судијката Ема ја доби најважната животна битка и се врати на терените!

Вечерва, Ема Никочевиќ, нашата судијка со знакот на ФИБА, почна едно, па слободно може да се нарече, ново поглавје, не само во кошаркарскиот спорт, судењето, туку воопшто во животот.

По два месеци, за неа исполнети со многу голема, животна неизвесност, вечерва, во СРЦ „Кале“, на пријателската средба помеѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија, повторно се појави во оној кошаркарски правоаголник, каде заедно со својите колеги, Иван Мијалковски и Бисера Јакова, успешно одработија уште една судиска задача.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„По двомесечна пауза, моето враќање на теренот како кошаркарски судија беше исполнето со мешавина од возбуда и неизвесност. Искрено, имав многу прашања во главата. Односно дали ќе успеам да се снајдам, дали ќе ја издржам физичката динамика на натпреварот, и дали ќе го следам критериумот што го бара играта“ – не ги крие своите емоции нашата Ема, по овие први, за неа, 40.минути со кои ги остави зад себе сите оние здравствени проблеми со кои се соочи во изминатиот период.

Како што вели, некако се сè „вратило на своето место“…

„Сомнежот исчезна веднаш штом ја ‘свирнав’ првата одлука. Во тој момент, сè си дојде на свое место и влегов во ритам. Се чувствував сигурно, стабилно и поддржано, благодарение на извонредниот судиски тим што беше со мене, Иван Мијалковски и Бисера Јакова, делегатот, како и целата записничка маса, кои имаа разбирање и создадоа пријатна и професионална атмосфера“- вели Никочевиќ, и дополнува:

„Особено сакам да изразам голема благодарност до кошаркарската федерација на Македонија за континуираната поддршка. Тоа што повторно бев на терен, и што се снајдов одлично, ми донесе исклучителна радост и потврда дека сум подготвена и посилна од кога било. Овој натпревар за мене беше повеќе од само спортска задача, за мене значеше лична победа“.

Зборови кои останувааат запишани, од една храбра девојка, која ги остава зад себе сите лоши моменти, животни проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Празник на кошарката во Куманово: Илиевски ги избра македонските воини за мечот со Романија (Фото)

Новиот кормилар на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, ја донесе кон…