Дома Фудбал Мојс бесен на газдите: Евертон не е подготвен за почеток на Премиер лигата

Мојс бесен на газдите: Евертон не е подготвен за почеток на Премиер лигата

Менаџерот на Евертон Дејвид Мојс призна дека Евертон не е подготвен за почеток на новата сезона во Премиер лигата, најмногу поради недостаток на соодветни засилувања во преодниот рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неговиот тим утрово во рамките на летната турнеја на англиските клубови во Америка доживеа уште еден пораз, овојпат со резултат 1:2 од Вест Хем.

Тоа беше трет последователен неуспех за Евертон, по поразите од Борнмут и Блекбурн.

Сè уште не сме подготвени да играме на посакуваното ниво на овој турнир во Америка. Не сме подготвени ниту за почеток на Премиер лигата“, изјави Мојс пред неделниот натпревар со Манчестер јунајтед.

“Не сум премногу загрижен за резултатите бидејќи немам играчите кои ми се потребни и кои ги посакувам. Од почеток знаевме дека ќе биде тешко. Веќе пред патувањето во САД знаевме дека ќе биде извонредно тешко, така што никогаш не очекувавме дека овде ќе победуваме“, додаде шкотскиот стратег.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја прекина соработката со Ванче Шиков и Љупчо Трајковски!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за кадровски промени, откако ги раскина…