Дома Фудбал Бившиот ас на Атлетико ја разреши мистеријата зошто Феликс не направи голема кариера

Бившиот ас на Атлетико ја разреши мистеријата зошто Феликс не направи голема кариера

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс пред неколку дена потпиша за Ал Наср иако беше на прагот на враќање во Бенфика. За Феликс зборуваше и неговиот поранешен соиграч Саул Нигез кој објасни зошто Португалецот не оствари блескава кариера како што се очекуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жоао Феликс своевремено беше еден од најперспективните играчи во Европа бидејќи уште како тинејџер дебитираше за првиот тим на Бенфика, а во летото 2019 година за дури 130 милиони евра замина во Атлетико Мадрид.

Од Феликс се очекуваше блескава кариера, но за жал тој не успеа да ја оствари иако покрај Атлетико играше и за неколку европски великани.

Прво замина во Челси, а потоа во претходните сезони Португалецот настапуваше за Барселона и Милан. Но, во тие клубови не успеа да ги оправда очекувањата, па Челси ова лето одлучи да го продаде.

Тој беше на чекор до враќање во Бенфика, но во последен момент се премисли и реши да замине во Ал Наср за 30 милиони евра и да потпише двегодишен договор со клубот од Саудиска Арабија.

За Феликс и тоа што не ја оствари кариерата која се очекуваше зборуваше и неговиот поранешен соиграч од Атлетико Мадрид, Саул Нигез, кој даде објаснување зошто тоа се случи.

Новото засилување на бразилски Flamengo порача дека талентот во фудбалот не значи речиси ништо и дека без макотрпна работа не можеш да го оствариш целиот свој потенцијал, и токму Феликс е најдобар пример за тоа.

„Фудбалот е тимски спорт. Тој ги имаше сите потребни квалитети да стане фантастичен фудбалер, но не е важно колку си добар и талентиран ако не работиш напорно и не даваш 100% од себе тогаш се е залудно”, рече Саул.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлжирците ќе се жалат, бараат објаснување зошто Меси не добил црвен картон

Фудбалската федерација на Алжир официјално поднесе жалба до Светската фудбалска федерација…