Дома Фудбал Останато „Има кислород со себе“: Спасувачите не се откажуваат од бившата шампионка по тешкиот пад – продолжува мисијата!

„Има кислород со себе“: Спасувачите не се откажуваат од бившата шампионка по тешкиот пад – продолжува мисијата!

Поранешната германска биатлонка Лаура Далмаер, двократна олимписка шампионка од 2018 година, е повредена во тешка несреќа на планината во Пакистан, а нејзиниот тим соопшти дека стравуваат од најлошото. Спасувачи не се откажуваат од потрагата.

Спасувачи, локални планинари и носачи, се обидуваат и во среда да стигнат до Лаура Далмаер која е заглавена на врвот на планината на северот на Пакистан, соопштија властите.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Портпарол на регионалната влада на Гилгит-Балтистан рече дека спасителите водат трка со времето за да стигнат до Далмаер и покрај лошите временски услови на врвот на Лајла во планинскиот венец Каракорум, каде таа е заробена од понеделник после несреќата во качувањето кога беше погодена од камења при одрон.

Воени хеликоптери се во готовност, но не можеа да полетат поради слабата видливост, лошото време и дождот. Во вторникот хеликоптерот не успеа ниту да се приближи до неа, бидејќи се наоѓа на многу оддалечено место. Далмаер ќе биде пренесена во градот Скарду кога ќе биде спасена.

Таа е повредена на надморска височина од околу 5.700 метри околу пладне во понеделникот. Германската телевизија ZDF извести дека Далмаер добила тешки повреди во одронот на камења.

„Сè уште нема јасни информации за нејзината состојба“, рече потпретседателот на Алпскиот клуб на Пакистан Карар Хајдри. „Добила тешки повреди, но има кислород со себе“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мекгрегор доаѓа во Црна Гора на вистински спектакл (Видео)

Најпознатата светска организација за борби без ракавици, BKFC (Bare Knuckle Fighting Champ…