Дома Фудбал Тренерот на Шкендија со порака до контроверзниот Бекали: Сè ќе се решава на теренот, а не со изјави!

Тренерот на Шкендија со порака до контроверзниот Бекали: Сè ќе се решава на теренот, а не со изјави!

Шкендија вечерва ќе се соочи со сериозен предизвик во Букурешт, каде што ќе се обиде да ја одбрани минималната предност од 1:0 стекната во првиот натпревар против ФЦСБ, во рамките на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Дополнителен притисок врз македонскиот тим се обидува да изврши ексцентричниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали, кој во свој стил предвидува убедлива победа. На прес-конференцијата пред мечот, романските медиуми побараа од тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, да се осврне на изјавата на Бекали дека неговиот тим до полувремето ќе води со 3:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имаме почит кон стручниот штаб и играчите на ФЦСБ, но нема да навлегувам во полемика со изјави на функционери. Ние сме фокусирани на играта, а конечниот исход ќе се одлучи на теренот, не преку изјави“, кажа Беќири.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус се засилува со хрватски голман?!

Инсајдерот на Јувентус, Мирко Ди Натале, откри дека Јувентус го следи Доминик Ливаковиќ (3…