Дома Фудбал Арсенал и Ливерпул се вмешаа: Челси во проблеми, иако се договори со новото засилување!?

Арсенал и Ливерпул се вмешаа: Челси во проблеми, иако се договори со новото засилување!?

Челси беше многу близу до доведување на фудбалер на кој му се предвидува голема кариера. Ќе ја зајакнеше конкуренцијата на позицијата на стопер во редовите на Сините, но сега во целата работа се вмешаа два други англиски гиганти, Арсенал и Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубови како Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Манчестер Сити или Тотенхем имаат само една цел за следната сезона, а тоа е титулата шампион на Англија.

Челзи нема освоено првенство од 2017 година и сака да ја прекине оваа низа, и да ја освои титулата што ќе ја брани Ливерпул.

Откако веќе обезбедиле седум трансфери ова лето, тимот од Стемфорд Бриџ не сака да застане тука и сака дополнително да ја зајакне екипата со која раководи Енцо Мареска. Лондонскиот тим веќе некое време е во мисија за доведување на Жорел Хато (19 години), еден од најперспективните играчи на холандскиот фудбал.

Веќе е на сепаре сума од 40.000.000 евра за трансферот на стоперот и многу се блиску да го донесат Холанѓанецот, но сега се вмешаа Арсенал и Ливерпул.

Сега останува да се види дали „Црвените“ или „Топџиите“ ќе успеат да го убедат Хато да го промени мислењето, да не го избере Челзи и да премине на Енфилд Роуд или Емирати.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…