Дома Останати Тенис Русинот предизвика скандал во Вашингтон: Медведев кршеше сè пред себе по поразот (Видео)

Русинот предизвика скандал во Вашингтон: Медведев кршеше сè пред себе по поразот (Видео)

Рускиот тенисер Данил Медведев беше поразен од Корентан Муте во мечот од четвртфиналето на АТП 500 турнирот во Вашингтон. Французинот го победи фаворитот во овој меч после пресврт 2-1, по сетови 1:6, 6:4, 6:4.

Двајцата тенисери со необични карактери приредија на публиката незаборавно шоу по пеколната температура. Чувството на теренот беше како да има повеќе од 40 степени, поради што и двајцата имаа одредени проблеми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Данил Медведев ни понуди неверојатен лоб, Корентин Муте сервис во својот стил, а последниот поен е навистина приказна за себе, за што веќе имаме пишувано. Сега се појави и снимка од она што следеше по поенот.

Откако го загуби мечот, и тоа по што беше одигран само еден гем после прекинот, Медведев беше многу лут и тоа веднаш го покажа.

Во последниот гем направи три двојни сервис грешки, а по последниот поен го фрли рекетот на страна од бес, а потоа настрада и невината шишенце вода, кое го искрши од бетон.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ имал понуда која е тешко да се одбие: Никогаш не би го направил тоа!

Најголемиот тенисер на сите времиња, во интервју со Џеј Шети, го сподели своето мислење за…