
Килијан Мбапе е подготвен за ново поглавје во својата кариера со преземањето на култниот дрес со број 10 во следната сезона 2025/26. По блескавата прва година во Мадрид, францускиот напаѓач ќе ја замени својата деветка за бројот кој го прослави и до неодамна го носеше клубскиот великан Лука Модриќ, потврдил пред три дена угледниот шпански медиум „Марка“.
Уште тогаш Шпанците зборуваа за голем и важен маркетинг потег, а подоцна објавија статија и за големите детали поврзани со продажбата на дресовите на Мбапе. Според најавите и проекциите, десетката на Мбапе би можела да биде еден од најпрофитабилните дресови во историјата на фудбалот.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„На клупско ниво, Мбапе досега ја носеше десетката само во последните натпревари за Монако и во младинските категории. Но овој потег не се однесува само на бројот на дресот, туку означува и нова хиерархија во соблекувалната на Реал.
Бројот 9 сега е слободен и го очекува својот нов сопственик. Веќе беше испразнет во сезоната 2023/24, по заминувањето на Карим Бензема, и повторно се нуди како избор за блиската иднина”, пишува Марка.
Во вториот дел од текстот се наведуваат конкретни бројки поради кои Реал ги тријат рацете. “Оваа промена има огромна комерцијална вредност, најавувајќи нов бран маркетинг во ‘кралскиот клуб’. Во официјалните продавници наскоро ќе се најдат дресови со името на Мбапе и бројот 10, а сè укажува на тоа дека ќе стане еден од најбараните артикли на сезоната.
Во стандардна верзија, таков дрес чини 125 евра, додека верзијата идентична на онаа што ја носат играчите чини 175 евра. Дресовите ќе ги преполнаат улиците и трибините на Сантјаго Бернабеу. Станува збор за врвна комерцијална стратегија со еден од најекспонираните фудбалери на денешницата во центарот на кампањата.
Клубот се надева да ја повтори маркетинг магија од 2009 година, кога пристигна Кристијано Роналдо. Веќе во првите часови по претставувањето со бројот 9, во официјалната продавница на Бернабеу се продаваа 15 дресови во минута – 2000 за само два часа – со приход од околу 170.000 евра. Во текот на таа сезона продадени се повеќе од милион дресови со натписот ‘CR9’, а вкупниот приход надмина 100 милиони евра, со годишна продажба што достигна и 3,3 милиони примероци.
Фото: Grok AI