Дома Останати Тенис Еден од најлудите поени во историјата на тенисот се одигра во Вашингтон – гем, сет, меч (Видео)

Еден од најлудите поени во историјата на тенисот се одигра во Вашингтон – гем, сет, меч (Видео)

Корентин Муте во четвртфиналето на АТП турнирот во Вашингтон го победи Даниил Медведев, а овој меч заврши со еден од најлудите поени досега.

Французинот Корентен Муте приреди големо изненадување и преку Даниил Медведев се избори за полуфиналето на АТП турнирот во Вашингтон.

Муте славеше со 2:1, по сетови 1:6, 6:4 и 6:4, а последниот поен на овој меч е нешто што долго ќе се памети. Еден од најлудите досега.

Муте имаше предност и трета меч топка на сервис на Медведев. Потоа настана вистинско лудило на теренот.

Двајцата тенисери изведоа неколку навистина чудесни потези. Достигаа неверојатни топки, а публиката сè следеше со громогласни извиците од трибините и по 20-тина луди секунди Медведев направи грешка.

Топката заврши во аут и Французинот можеше да почне да слави. Тоа беше гем, сет и меч.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

(Видео) Сабаленка го гледаше Милан на „Сан Сиро“, а го покажа и накитот вреден 100.000 евра

Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската те…