Дома Фудбал Меси треба да биде суспендиран: МЛС не сака да одговори дали ќе биде казнет

Меси треба да биде суспендиран: МЛС не сака да одговори дали ќе биде казнет

Лионел Меси ја пропушти МЛС Ол-Стар натпреварот, што би можело да резултира со суспензија, иако официјалните лица на лигата се претпазливи за следните чекори. Меси и неговиот соиграч од Интер Мајами, Жорди Алба, требаше да започнат во тимот на МЛС, кој во Остин ги победи најдобрите играчи од мексиканската лига (3:1). Сепак, само неколку часови пред натпреварот, клубот од Мајами ја извести лигата дека ни Меси ни Алба нема да играат, без да посочат конкретна причина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според правилата на МЛС, играчите повикани на Ол-Стар натпреварот мора да играат освен ако не се повредени или имаат некоја друга валидна причина. Во спротивно, ќе се соочат со суспензија од еден натпревар, што значи дека Меси би можел да го пропушти претстојниот натпревар против Синсинати овој викенд. Комесарот на МЛС, Дон Гарбер, одби да каже дали Меси ќе биде суспендиран.

„Денес не сакаме да разговараме за викендот. Натпреварот е за само неколку дена и нема потреба сега да даваме одговори. Во моментот сме во процес“, изјави Гарбер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…