Дома Фудбал Мбапе нема да може да спие мирно – навивачи на Реал Мадрид го нападнаа со пораки

Мбапе нема да може да спие мирно – навивачи на Реал Мадрид го нападнаа со пораки

Килиан Мбапе треба од следната сезона да го носи дресот на Реал со број 10, пренесуваат шпанските медиуми. Бројот стана слободен по заминувањето на Лука Модриќ од клубот, а многумина не се согласуваат со одлуката на Реал да му го дадат култниот дрес на францускиот напаѓач. Такви пораки оставаат на профилот на Инстаграм на Мбапе.

Шпанските медиуми со недели пишуваат дека десетката на Модриќ ќе ја наследи или Мбапе или Арда Гулер. Вирален хит во кој Модриќ го предава својот дрес на младиот турски играч, кој по неговото доаѓање во Реал беше претставен како наследник на хрватската икона на клубот, сугерираше завршница во која Гулер во следната сезона со десетката ќе ја води играта на тимот. Сепак, во клубот донеле различна одлука.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Но, многу навивачи не се согласуваат со донесената одлука и тоа јасно му го кажуваат на Мбапе.

„Дај му го на Арда бројот 10″, “Мбапе, дали си играч за врска? Лука го остави овој број на Арда. Нека го носи тој”, “Те сакам, но бројот 10 не е за тебе”, “Најдобар си, но Гулер ја заслужи десетката”, “Ја украде десетката на Арда”, се само дел од пораките кои укажуваат на истото, а кои се најдени на Инстаграмот на Мбапе.

Фотo: Принтерлина

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …