Дома Фудбал Шкендија славеше голема победа над ФЦСБ

Шкендија славеше голема победа над ФЦСБ

Шкендија забележа победа над романскиор првак ФЦСБ (1:0), во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.

Единствениот погодок беше виден во 65 минута кога по центаршутот на Трумчи скокна Адаму Алхасан во казнетиот простор на гости и со глава ја смести топката во противничката мрежа.

Шкендја можеше да стекне и повисока предност пред реваншот, но голманот Танасе се истакна со две одбрани во 90.минута.

Реваншот е на програмата за седум дена во Букурешт.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трик на Мбапе и голема победа го обележаа враќањето на Мурињо на „Бернабеу“

Реал Мадрид оствари убедлива победа со 4:1 против Реал Сосиедад во натпревар од второто ко…