Дома Фудбал Падна договор: Мората по авантурата во Турција се враќа во Серија А

Падна договор: Мората по авантурата во Турција се враќа во Серија А

Откако вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Галатасарај, капитенот на шпанската репрезентација Алваро Мората, кој Милан во јули 2024 година го врза со четиригодишен договор, кариерата ќе ја продолжи во Комо. 

Галатасарај имаше можност да го откупи неговиот договор за 10.000.000 евра, но не ја активира клаузулата, бидејќи потрошиј значителна сума за да го откупат Виктор Осимен од Наполи, а планираат уште големи набавки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мората, поранешен играч на Реал Мадрид, Атлетико, Челзи, Јувентус и Милан, се враќа така во Италија, но во дресот на нов и многу амбициозен клуб. 

Ќе ги засили опциите во нападот на екипата на Сеск Фабрегас, која следната сезона ќе биде многу интересно да се следи.

Ние овој трансфер го најавивме одамна, уште пред почетокот на преодниот рок, но работите дури сега се совпаднаа, па трансферот го потврди и Фабрицио Романо.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот македонски репрезентативец: Пешки би одел до Белград за да бидам тренер на Партизан!

Тренерот на третолигашот од Црна Гора, Балкан Иглс откри дека нема контакти или покани од …