Дома Фудбал Останато Џон Џонс веќе размислува за враќање во УФЦ – сака да се бори во Белата куќа

Џон Џонс веќе размислува за враќање во УФЦ – сака да се бори во Белата куќа

Во последните неколку дена се зголемуваат шпекулациите за можноста УФЦ да организира настан во Белата куќа. Информацијата прв ја спомена Доналд Трамп на Денот на независноста, 4-ти јули, и иако првично делуваше како уште една изјава без основа, сега изгледа дека Трамп и Дана Вајт сериозно се заинтересирани за реализација на оваа идеја.

„Кога го организиравме The Sphere, тоа беше големо. Но ова? Ова ќе биде како The Sphere, но на стероиди. Нема да постои нешто слично на тоа никогаш повеќе”, изјави Вајт во гостување кај Пат МекАфи.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Споменувањето на можниот УФЦ настан во Белата куќа го натера Џона Џонс да размисли за враќање во октагонот. Неколку дена пред Денот на независноста, Џонс објави дека се повлекува во пензија и се откажа од статусот шампион во тешка категорија. Но, кога слушна дека УФЦ може да се одржи во Белата куќа, изјави дека повторно ќе се приклучи на анти-допинг програмата и сака да остане во конкуренција за настап на тој настан, планиран за наредната година. Оваа информација ја потврди за TikTok каналот “Joy of Everything”.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Загина Феликс Баумгартнер првиот човек кој скокна од вселената

Феликс Баумгартнер, австрискиот екстремен спортист кој прв изведе скок од вселената, почин…