Дома Фудбал Крос му одржа лекција на Јамал како никој друг

Крос му одржа лекција на Јамал како никој друг

Ламине Јамал го воодушеви фудбалскиот свет со своите фантастични настапи на теренот, но на многумина му падна во очи поради своето арогантно однесување во последно време, особено по прославата на својот 18-ти роденден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ситуациите околу Јамал ги коментираше и Тони Крос, сигурно еден од најдобрите играчи на средината на играта воопшто и човек кој не оставил дамка во кариерата.

Легендарниот Германец даде јасен совет на Јамал дека успехот не зависи само од теренот, туку и од надворешните фактори.

„Секогаш велам дека кариерата е маратон. Ќе видиме што ќе се случи во следните пет, десет сезони, како ќе реагира на се што во фудбалот доаѓа однадвор“, вели тој.

„Успехот не зависи само од теренот, туку и надвор од него. Мора да знаете како да управувате со многу аспекти на животот“, изјави Германецот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико со одговор до Алварез и Барселона: Може, но за половина милијарда евра

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Џулијан Алварез (26), кој е објект на интерес на Арсенал, Барселона …