
Челзи триумфираше над ПСЖ со 3:0 во финалето на Клупското светско првенство, кое по првпат со 32 клуба се одржа во САД. Наспроти титулата и знакот на освојувачи, кои ги доби за четири години, Челзи доби неповратен износ од 100 милиони евра од премиите на ФИФА. Лондонскиот клуб ќе ги награди играчите со големи бонуси за освоената светска титула.
Според “Дејли Телеграф”, секој играч ќе добие по 400 илјади евра. Со оглед на тоа што Челзи располага со 29 играчи, вкупно за бонуси ќе бидат издвоени 11,6 милиони евра. Англиските медиуми информираат дека високите бонуси се дел од новата стратегија на Челзи. Клубот одлучи да ги намали високите плати кои досега ги исплатуваше, а да ги мотивира фудбалерите преку бонуси според спортските успеси.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Англиските извори истакнуваат дека не е познато дали и колкав дел од спомнатата премија ќе добие Нону Мадуеке. Тој настапи на пет натпревари за Челзи на Светското првенство, но по полуфиналето премина во Арсенал.