Дома Останати Тенис Ивановски го победи Италијанецот Форти и ќе игра во главната фаза на Челинџерот во Сан Марино!

Ивановски го победи Италијанецот Форти и ќе игра во главната фаза на Челинџерот во Сан Марино!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во главната фаза на турнирот во Сан Марино, откако во три сета го совлада (2-1) Италијанецот Франческо Форти во второто квалификациско коло.

Ивановски ја загуби првата етапа во тај-брејк со 7-4, но потоа ја подигна играта на повисоко ниво. Со брејк во деветтиот гем од вториот сет го презеде водството и со сигурен сервис го израмни резултатот на 1-1 во сетови (6-4).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одлучувачкиот трет сет беше исполнет со неизвесност и борба за секој поен. Ивановски прв стигна до брејк во седмиот гем за водство од 4-3, по што ја задржа концентрацијата и со одличен сервис се одлепи на 5-3. Иако не ги искористи двете брејк и меч-топки при следниот сервис на противникот, Ивановски не дозволи изненадување и на својот сервис го комплетираше триумфот со нов 6-4.

Со оваа победа, младиот македонски тенисер продолжува со одличните настапи и ќе има шанса да се докаже и на главната сцена во Сан Марино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милионер безмилосно украде вреден спомен на детенце од УС Опен, тенисерот со убав гест ја спаси ситуацијата (Фото)

Полскиот милионер и извршниот директор на успешна компанија за поплочување је зема капата …