
Првиот тенисер во светот Јаник Синер испиша историја и стана првиот Италијанец кој го освои Вимблдон во машка поединечна конкуренција.
По финалето, легендарниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ, некогашен трет тенисер на светот, кој денес е познат како тренер и спортски функционер, излезе со важна објава на социјалните мрежи, посебно насочена кон родителите на младите спортисти.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
“Честитки за Јаник Синер и неговиот тим за освојувањето на првата титула на Вимблдон. Една забелешка која често останува незабележана, но е многу значајна… Неговиот татко работеше за време на финалето на Ролан Гарос, а неговата мајка денес седеше надвор од неговиот бокс. Порака до сите родители: Оставете ги да растат сами“, напиша Љубичиќ.
Да потсетиме, по завршувањето на својата тениска кариера, Љубичиќ беше тренер на Милош Раониќ и Роџер Федерер, а потоа и спортски директор на француската тениска репрезентација.