Дома Фудбал Алонсо добива ново засилување: Реал Мадрид договори дефанзивец за 50 милиони евра

Алонсо добива ново засилување: Реал Мадрид договори дефанзивец за 50 милиони евра

Реал Мадрид е пред финализирање на уште едно звучно засилување – во текот на денот се очекува официјална потврда за трансферот на Алваро Карерас од Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот 22-годишен лев бек беше на радарот на „кралскиот клуб“ подолг период, а по интензивни преговори, мадридскиот гигант се согласи да плати 50 милиони евра за неговите услуги. Карерас важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, а неговото пристигнување се гледа како дел од долгорочниот план за подмладување на тимот.

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Бенфика не беа едноставни, но на крајот двете страни постигнаа договор кој ги задоволува сите страни. Доколку не дојде до непредвидени компликации, се очекува клубот денеска официјално да го објави трансферот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …