
Челси го освои Светско клупско првенство откако во финалето на стадионот на Џајантс во Њу Џерси го победи ПСЖ со 3:0. Стрелци беа Кол Палмер во 22-та и 30-та, и Жоао Педро во 43-та минута. ПСЖ така не успеа да го освои четвртиот голем трофеј оваа сезона, но не жали поради тоа, напротив.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа го откри претседателот Насер Ал-Хелаифи, кој вака одговори на новинарското прашање дали по тешкиот пораз во финалето чувствува фрустрација или гордост: „Многу сме горди! Она што го направивме оваа сезона е величествено. Вистина е дека го загубивме финалето на Светското првенство, но тоа е фудбал. Горд сум на мојот тим. Овој пораз е добар за нас бидејќи мораме да останеме скромни.“
ПСЖ така со пораз го заврши најдобрата сезона во историјата на клубот во која го освои француското првенство, националниот куп и Лигата на шампионите, додека на клупското Светско првенство дојде до финалето.
Фото: Принтскрин