Дома Фудбал Инфантино: Светското клупско првенство е успешно, имаме 2 милијарди долари профит

Инфантино: Светското клупско првенство е успешно, имаме 2 милијарди долари профит

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека Светското клупско првенство остварило огромен успех и дека приходите се две милијарди долари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светското клупско првенство постигна огромен успех. Се зборуваше дека тоа ќе биде финансиска катастрофа, но ги остваривме две милијарди долари приходи, односно 33 милиони по натпревар. Нема ниту еден спортски настан во светот кој може да произведе таква заработка по средба. Натпреварите на стадионите ги гледаа два и пол милиони навивачи, односно 40 илјади по натпревар. Единствено англиската Премиер лига има подобра просечна гледаност”, рече Инфантино во саботата при отворањето на канцелариите на Фифа во “Трамп Кулата” во Њујорк.

Првото издание на Светското клупско првенство во овој формат (32 екипи) се одржува во САД, а започна на 14 јуни, само две недели по завршувањето на фудбалската сезона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…