Дома Фудбал Фердинанд жестоко удри по навивачите на Арсенал: Треба да се засрамите!

Фердинанд жестоко удри по навивачите на Арсенал: Треба да се засрамите!

Нони Мадуеке е на работ од трансфер од Челси во Арсенал, но некои обожаватели на Арсенал не се сосема задоволни од оваа вест.

На социјалната мрежа Икс се појави тагот #NoToMadueke, а петицијата против доаѓањето на овој играч во Арсенал на интернет ја потпишаа 4.000 луѓе.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој развој на настаните го разлути поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, кој излезе во јавност за да го поддржи Мадуеке.

„Младиот англиски фудбалер, кој има само 23 години, наместо да го слави својот трансфер од 55 милиони, е мета на навредливи коментари и негодувања.

Начинот на кој некоја мала група навивачи на Арсенал го третира е навистина за осуда. Пробајте да се ставите на негово место или во чевлите на неговото семејство. Како вие би реагирале на таква ситуација?

Дозволено е да не се согласуваат со одлуките на клубот, особено кога станува збор за трансфери, но јавното противење и потпишување петиции за да се спречи неговото доаѓање, не го можам да го разберам.

Никогаш не сум сведочел на сличен случај и се надевам дека нема ни во иднина. Замислете да се случи ова на некој ваш близок или пријател…

Ова не е насочено кон сите навивачи на Арсенал, туку на оној дел што неосновано стана гласен.

Се надевам дека трансферот ќе биде успешен и дека Нони Мадуеке ќе ја сврти негативноста во своја полза и ќе им зададе одговор на теренот,“ напиша Рио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо добил целосно одврзани раце да ја остави на клупата секоја од ѕвездите на Реал Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид му изрази целосна доверба на тренерот на тимот Чаби Алонсо и …