Дома Фудбал Поради трансферот на кариерата ќе го пропушти финалето на Светското клупско првенство

Поради трансферот на кариерата ќе го пропушти финалето на Светското клупско првенство

Нони Мадуеке доби зелено светло од Челси да го напушти тимскиот камп и да отпатува за Лондон каде што ќе помине медицински прегледи во Арсенал!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ден пред финалето на Светското првенство за клубови, каде што Челси игра против Пари Сен Жермен, Мадуеке донесе одлука да замине за Лондон со цел да го реализира својот трансфер во Арсенал.

Како што е познато, Арсенал одлучи да издвои голема сума од 60.000.000 евра за неговиот трансфер, што предизвика одредени негодувања кај навивачите, но самиот играч е голема желба на Микел Артета за позициите на двете крилја.

Мадуеке пристигна во Челси од ПСВ во летото 2023 година за 35.000.000 евра, одиграјќи 92 натпревари со постигнати 20 голови и девет асистенции. 

Изгледа дека ова ќе биде неговото последно збогување, бидејќи поради медицинските проверки во Лондон, нема да учествува во финалето на Светското првенство…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Правилата се јасни: Еве зошто Баерн вчера не доби пенал

По натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и Пари Сен Жермен, полем…