
Реал Мадрид ова лето веќе донесе една ѕвезда од Ливерпул и сега сака уште една. Разговорите наводно се забрзани и „Црвените“ се спремни да попуштат.
Реал Мадрид сака да го донесе Ибрахима Конате од Ливерпул. Самиот играч наводно избегнува да го продолжи договорот со „Црвените“, поради желбата да се приклучи на Кралскиот клуб.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Реал Мадрид сака што побрзо да постигне договор со Ливерпул за трансферот на Ибрахима Конате, известува Ла Сер.
И Ливерпул разгледува можност за продажба на Ибрахима Конате, бидејќи тој и понатаму го одбива да го продолжи договорот.
Според наводите на АС, Реал Мадрид би бил подготвен да плати меѓу 20 и 25 милиони евра за трансферот на Ибрахима Конате ова лето.
Ако трансферот на Конате во Реал Мадрид се реализира, тој ќе биде вториот играч кој преминал на Сантијаго Бернабеу директно од Ливерпул во овој преоден рок, по Трент Александар-Арнолд.
Фотографија: Grok AI