Дома Фудбал Луj ван Гал го победи ракот: Морав да носам пелени, ми беше многу тешко

Луj ван Гал го победи ракот: Морав да носам пелени, ми беше многу тешко

Легендарниот холандски тренер Луи ван Гал (73) објави нови детали за неговата борба со ракот на простата и напредокот што го постигнал во закрепнувањето. Во разговор за телевизиската емисија „Хумберто“, Ван Гал потврди дека повеќе нема симптоми на болеста и дека се чувствува повторно силен и здрав.

„Пред две години бев неколку пати на операција и состојбата беше лоша, и физички бев многу слаб, но сè добро заврши. Веќе немам проблеми со ракот, но сè уште одам на прегледи на секои три месеци”, рече Ван Гал. „Тогаш ми го мерат нивото на ПСА и тоа е 0.0. Тоа е добар знак, и не се шири понатаму. Се чувствувам во сè подобра форма. Имам 73 години, дали ви изгледам лошо?”

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поранешниот селектор на холандската репрезентација призна дека му беше најтешко да се појавува во јавност додека минуваше низ најтешката фаза на болеста. „Не чувствував голема болка. Ужасно ми беше тоа што морав да носам пелени. Имав многу јавни настапи и затоа секогаш носев многу темни панталони за ништо да не се види. Тоа не е пријатно, особено затоа што сè уште сум јавна личност. Кога ти се случува такво нешто, не ти е лесно.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, о…