Дома Фудбал Џон Тери: Азар имаше огромен талент, но не му беше важно

Џон Тери: Азар имаше огромен талент, но не му беше важно

Џон Тери е еден од најдобрите стопери на 21. век. Професионалната кариера на легендата на англискиот фудбал и Челси траеше од 1998 до 2018 година. Во лондонскиот клуб одигра 717 натпревари и освои 15 трофеи, а пензионираше како член на Астон Вила. За англиската репрезентација забележа 78 настапи и постигна шест гола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тери во разговор за talkSPORT зборуваше за богатата кариера, омразата кон ривалот од Лондон, Тотенхем, конфликтите на тренинг, Еден Азар но и за модерниот фудбал. Во среда вечер гостуваше во емисијата Wimbledon Unfiltered со австралискиот тенисер Ник Кирјос и водителот Гордон Смарт.

„Азар имаше најголем талент во светот, но доаѓаше на тренинг и не му беше важно. Под Мурињо се подготвувавме за натпревар со Вест Хем, беше тактички тренинг… По десет минути Еден вели: ‘Зошто го правиме ова? Против кого играме утре?’

Не знаеше против кого играме… Само рече: ‘Дајте ми ја топката, 1:0’. Мурињо му го симна маркерот и му кажа дека нема да почне натпреварот. Но јас, како капитен, им реков на останатите играчи дека мораме да тренираме уште посилно затоа што тој во сабота ќе не извлече.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…