Дома Фудбал Миовски може да направи трансфер во Бундеслигата!

Миовски може да направи трансфер во Бундеслигата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски би можел да добие нов предизвик во германскиот фудбал, откако интерес за него покажале две екипи од Бундеслигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако во последните недели се шпекулираше дека е можно враќање во Шкотска, поточно трансфер во редовите на Селтик, сепак шкотските медиуми сега најавуваат дека Фрајбург и Хамбургер, кој по пауза се врати во елитата, го следат 24-годишниот напаѓач.

Миовски изминатата сезона ја мина во шпанската Жирона, но таму не остави посебен впечаток. Запиша вкупно 25 настапи во сите натпреварувања, но само 11 пати беше стартер, при што успеа да постигне четири погодоци.

Сосема поинаква беше неговата улога во дресот на Абердин, каде што беше еден од најзабележителните голгетери во шкотската Премиер лига со 44 погодоци на 98 одиграни натпревари.

Можно е токму таа форма од периодот во Шкотска да му ја отвори вратата кон нова авантура, овојпат во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од денеска е јасно дека Златан Ибрахимовиќ одлучува за апсолутно сè во Милано

Ситуацијата во Милано повторно е во центарот на вниманието на италијанските медиуми по нов…