Еден од најдобрите голмани на 21. век, е Икер Касиљас, некогашниот голман на Реал Мадрид, а сега човекот кој ги брани боите на Порто.
Овој 36-годишен голман зборуваше и за својата кериера, а истакна дека е многу близу да и стави крај на својата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секој ден сум се поблиску до одлуката да се повлечам. Би сакал да останам во фудбалот, но не знам со кој капацитет“, истакна Касиљас.
Договорот на Касиљас истекува на крајот од оваа сезона, прашање е дали само ќе дојде до продолжување на соработката со Порто.
Касиљас има мноштво награди во својата кариера и достигнувања, ја освои Примера 5 пати, Купот на Кралевите на два пари, четири пати Шпанскиот Суперкуп. Лигата на шампионите 3 пати, на два пати беше освојувач на Суперкупот на Европа, еднаш го освои клупското СП, има СП со репрезентацијата на Шпанија, како и две освоени ЕП.