Дома Останати Ракомет Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер се огласи откако беше избркан од Војводина поради присуството на концерт

Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер се огласи откако беше избркан од Војводина поради присуството на концерт

Хрватскиот голман Филип Ивиќ беше отпуштен од Ракометниот клуб Војводина поради присуството на концерт на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон.

Осуда дојде и од Ракометниот клуб Партизан, а Ивиќ се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до својот поранешен клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој нагласи дека сите негативни толкувања за неговото присуство на концертот се целосно неоправдани.

“Сум бил воспитан да ги сакам своите, а да ги почитувам другите. Во досегашната моја кариера имав чест да бидам дел од екипа со играчи од различни нации, вери и политички убедувања. Ние се натпреварувавме само на теренот, во духот на фер-плејот, а надвор од спортските терени бевме неразделни. Оваа вечер за мене беше емоционална поради тоа што на концертот отидов без мојот најдобар пријател Никола Покривач, кој трагично го изгуби животот неодамна, а како репрезентативец го славеше победите на нашите Ватерни со песни за заедништво и поврзаност, како што е ‘Лијепа ли си…’. Секоја негативна интерпретација за моето присуство на тој концерт, освен што уживав во музиката која ги спојува луѓето и му одадов чест на мојот пријател, е целосно неоснована”, напиша Ивиќ на социјалните мрежи и додаде:

“Секако, го почитувам правото на мојот од сега поранешен клуб да донесува деловни одлуки според своите проценки. На моите поранешни соиграчи со кои сè уште не заиграв и на мојот поранешен клуб РК Војводина искрено им посакувам се најдобро и успех на спортски терен. Јас продолжувам да тренирам, да се борам за спортските вредности и олимпискиот дух од мојата професионална кариера и да бидам она што сум најдобар – спортски човек со отворено срце и ум. Ве молам ова да го сметате како мој единствен јавен исказ на оваа тема. Ја сакам мојата татковина, мојот народ и мојата вера. Спортски поздрав, Филип Ивиќ”.

Сè уште не е познато каде хрватскиот голман ќе ја продолжи својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …