Дома Фудбал Мареска се жалеше и ги критикуваше Бразилците, а потоа новинар му одржа лекција (Видео)

Мареска се жалеше и ги критикуваше Бразилците, а потоа новинар му одржа лекција (Видео)

Тренерот на Челзи, Енко Маreска, се обиде да го омаловажи успехот на Јужноамериканците на Светското клупско првенство, но веднаш доби остар одговор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред полуфиналето во кое ќе се сретнат Челзи и Флуминенсе, Италијанецот зборуваше за заморот на своите играчи поради екстремно долга сезона.

– Настапивме на 63 натпревари оваа сезона! Европските тимови доаѓаат на овој турнир во различна форма во споредба со јужноамериканските. Условите се различни, ние играхме повеќе натпревари. Колку натпревари вие игравте? – праша Мареска на прес-конференцијата, а веднаш доби одговор од еден новинар:

– Флуминенсе има одиграно 70 натпревари, во истиот период како и вашиот клуб – беше одговорот.

Мареска немаше соодветен аргумент, туку само додаде дека европските клубови не добија пауза од еден месец, како клубовите од Јужна Америка.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити се интересира за ѕвездата на Ливерпул

Манчестер Сити сериозно размислува за голем трансфер на Алексис Мек Алистер, играч од сред…