Дома Фудбал Летото за Барселона се претвори во кошмар, Флик доби уште една „корпа“

Летото за Барселона се претвори во кошмар, Флик доби уште една „корпа“

Летниот преоден рок за Барселона не оди според планот кога станува збор за засилувања во офанзивата. Се најавуваа големи работи, тројца фудбалери беа поврзувани со Каталонците и сега е јасно дека ниту еден од нив нема да потпише за Барселона.

Барселона го започна летото со доведување на голманот на Еспањол, Хоан Гарсија, кој потпиша повеќегодишен договор и беше платен околу 25 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


По тоа, челниците на клубот почнаа акција за засилување на десното крило, на листата на желби беа Нико Вилијамс, Луис Дијас и Рафаел Леао, но стана јасно дека ниту еден од нив нема да дојде.

Барса се насочи кон доведување на Вилијамс со кого имаат сè договорено, но тој втора година по ред ги шокираше бидејќи се премисли во последен момент и одлучи да остане во Билбао.

Потоа, Деко контактирал со Луис Дијас од Ливерпул кој исто така беше на листата на желби, но изгледа дека од Колумбиецот нема ништо бидејќи германските медиуми објавија синоќа дека тој веќе сè договорил со Бајерн.

На листата на желби на Барселона остана уште само Рафаел Леао од Милан, но и таму дојде студен туш бидејќи Росонерите јасно покажаа дека Португалецот не е на продажба.

Тренерот на овој тим, Макс Алегри, изјави дека Леао ќе биде еден од најважните играчи следната сезона и дека во клубот воопшто не размислуваат да го продадат без разлика каква понуда ќе добијат.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…