Дома Останати Кошарка Јокиќ од денес може да потпише најголем договор во историјата

Јокиќ од денес може да потпише најголем договор во историјата

Од денес, НИКОЛА ЈОКИЌ (30) има можност да потпише нов грандиозен договор со Денвер Нагетс, попознат како супермакс. Постоеше шпекулација дека Јокиќ можеби ќе размисли да го напушти клубот по десет години во Колорадо, откако Џош Кроенке, не исклучи можност за таква промена.

Сепак, Денвер во последните денови ја засили екипата со Брус Браун и Кам Џонсон. Овие потези се направени по барање на Јокиќ, за да осигура дека Нагетс повторно ќе бидат конкурентни за титулата, до која српскиот феномен ги доведе пред две години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јокиќ има уште три години од тековниот договор со Денвер, но од денес му е дозволено ова лето да потпише нов тригодишен договор вреден околу 212 милиони долари. Ова би значело дека во просек би заработувал околу 70 милиони долари по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нови детали за состојбата на Јокиќ: Познат новинар откри кога Србинот се враќа на теренот

Никола Јокиќ кон крајот на годината на натпреварот против Мајами доживеа хиперекстензија н…