Дома Фудбал Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл.

Оваа вест вечерва ја потврди Фабрицио Романо со своето познато “here we go”, со забелешка дека Њукасл за неговиот трансфер плати 55.000.000 фунти, што изнесува околу 64.000.000 евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Еланга има 23 години, уште како тинејџер дојде во академијата на Манчестер Јунајтед, но на “Театарот на соништата” никогаш не доби вистинска шанса. Тоа го искористи Форест, кој го откупи пред само две години, за 16 милиони евра.

Еланга експлодираше во текот на минатите две сезони, за Форест одигра вкупно 82 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 голови и имаше 21 асистенција.

Тој игра на позицијата десно крило, па се очекува да биде дел од напаѓачкото трио со Ентони Гордон и Александар Исак, доколку двајцата останат во Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета загуби уште една битка – пропадна трансферот од 85 милиони евра за Арсенал

Трансферот на Арсенал не успеа. Така барем тврдат бројни странски медиуми, а на крајот го …