Дома Фудбал Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но тоа конечно не се случи.

Веднаш се свртеа челниците на Барселона кон некои други играчи, а главната “мета” преку ноќ стана крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Диаз.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој се поврзуваше со Барселона уште од летото минатата година кога Деко се обиде да го доведе во овој клуб, но не му успеа.

Диаз сака да си оди од Ливерпул и токму тоа ненадејно го привлече вниманието и на Барселона кога сфатија дека не можат да го донесат Вилијамс.

И додека сите чекаа Барселона да го заврши трансферот со Диаз, друг клуб доби “зелена светлина” од играчот и трансферот е се поблиску.

Станува збор за Бајерн Минхен, кој исто така со Барселона беше во игра за Нико Вилијамс, но навреме се повлекоа и се свртеа кон ѕвездата на Ливерпул.

Како што пренесуваат новинарите на БИЛД, Макс Еберл веќе разговарал со Диаз, кој потврдил дека сака да премине во Бајерн ова лето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…