
Нони Мадуеке по сите шпекулации најверојатно ќе биде уште еден играч што би можел да го напушти Челси ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Челси досега има подготвено бројни промени во нападот, бидејќи не го откупи Џејдон Санчо, па потоа го донесе Џејми Гитенс, Жоао Педро и Лиам Делап, но сега следуваат нови промени.
Енцо Мареска по победата над Палмеирас и пласманот во полуфиналето на СП, испрати јасна порака на прашањето за статусот на Мадуеке.
“Сакам играчи кои се среќни што се со нас, а оние кои не се задоволни, можат да си одат”, изјави Мереска алудирајќи на гласините за Мадуеке.
Инаку, се шпекулира дека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата околу него и дека тој е опција доколку Реал Мадрид одбие да го продаде Родриго.
Бразилецот е најголема желба на Микел Артета, но не е лесна мета, бидејќи Реал Мадрид бара минимум 90 милиони евра за неговиот трансфер.
Родриго падна во втор план кај Чаби Алонсо и наводно добил порака од клубот дека може да си замине ако Реал добие адекватна понуда.
Фото: Принтскрин