Дома Фудбал Постигна 201 гол во Серија А – сега на 36 години потпишува за нов клуб

Постигна 201 гол во Серија А – сега на 36 години потпишува за нов клуб

Еден од најдобрите италијански стрелци во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), ја прекина соработката со турскиот Бешикташ, каде што помина една сезона, и се враќа во својата татковина, информираат италијанските медиуми. Се очекува Имобиле да ја продолжи својата кариера во главниот град.

Според медиумските извештаи, тој ќе потпише едногодишен договор со Болоња кој вклучува можност за продолжување за уште една сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако има 35 години, Чиро останува продуктивен како стрелец, достигнувајќи 19 гола минатата сезона во дресот на Бешикташ, плус четири асистенции. Со 201 гол, Имобиле е осми на листата на најдобрите стрелци во историјата на Серија А.

Најголемиот број голови ги постигна играјќи за Лацио, клуб за кој настапуваше осум години, достигнувајќи 169 голови. На врвот на листата на најголеми стрелци во Серија А уште се наоѓа Силвио Пиола со 274 гола (1929-1954, Лацио, Торино, Јувентус), а веднаш зад него е римската легенда Франческо Тоти со 250 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл планира да прифати понуда од 80 милиони фунти за една од своите ѕвезди

Њукасл Јунајтед се исклучително неподготвени да размислуваат за понуди за Тино Ливраменто …