Дома Фудбал Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Заедно со него, загина и неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер. Несреќата се случи кога нивниот автомобил излета од патот и се запали, на патиштата на шпанската провинција Самора, само две недели по свадбата на Диого Жота.

Жота пристигна во Ливерпул во текот на летото 2020 година од Вулверхемптон за 44,7 милиони евра. Со Ливерпул освои по едно првенство на Англија и ФА куп, како и два Лига купа. За „Црвените“ одигра 182 натпревари, постигна 65 гола и асистираше за уште 26. Ливерпул, португалската фудбалска федерација и многу други организации и личности објавија изрази на жалење на социјалните мрежи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Трагедијата донесе длабока тага во Португалија. Радиокомeрт, популарна радио станица во земјата, во чест на Жота, кратко по објавувањето на веста, ја емитираше легендарната „You’ll Never Walk Alone“. Ова е една од најпознатите навивачки химни во светот, особено важна за навивачите на Ливерпул, кои ја сметаат за своја неофицијална химна.

Portuguese radio this morning playing “You’ll never walk alone” in honour of Diogo Jota
byu/TTaboo123 insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …