Дома Фудбал „Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите на Ливерпул никогаш нема да го заборават Жота

„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите на Ливерпул никогаш нема да го заборават Жота

Рано утрово фудбалската јавност беше погодена од трагичната вест за загинувањето на португалскиот напаѓач, Диого Жота, обожаван од секој навивач на клубовите за кои играл.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тешко е да се добие песна од славниот „The Kop“ на „Енфилд”. Тоа успеа да го постигне Жота.

„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“, се само некои од зборовите со кои секогаш го поздравуваа кога би направил нешто извонредно за „црвените“. Такви моменти имаше многу во петте години колку што го носеше дресот на Ливерпул.

Ќе биде запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе продолжи да живее на „Енфилд“.

Фото: Ливерпул ФК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигнаа казните за хаосот во Штип: Брегалница без тренер ќе ја заврши сезоната!

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија денеска ги објави казните п…