Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против специјалист за трева: Одреден и терминот!

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против специјалист за трева: Одреден и терминот!

Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со специјалист за тревна површина и домашна публика во второто коло на Вимблдон.

Мечот против Дан Еванс е поставен како прв на „Централниот терен“, што значи дека започнува во четврток точно во 14:30 по средноевропско време.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еванс е тенисер кој го совлада Ѓоковиќ во нивната единствена пресметка на земја во Монте Карло, но Британецот првенствено е специјалист за тревни терени.

„Извонредно талентиран тенисер и голем натпреварувач, тој секогаш верува во себе. Играње против домашен играч никогаш не е лесно и морам да бидам подготвен за поддршката што ќе ја добие. Користи многу слајс, што е поволно за травата бидејќи има низок одскок. Комбинира брзини на топката, оди на мрежа, не е противник што го посакувате во рана фаза на гренд слем“, рече Новак и додаде:

„Неговиот ранг не го одразува неговиот реален квалитет, опасен е на брзи површини, во соблекувалната така се зборува. Ќе биде голем предизвик“.

Еванс моментално е 154-ти на светот, а порано беше светски број 21. На почетокот на турнирот емотивно зборуваше за своите напори да се врати барем во топ 100. Има 35 години, а во првото коло го победи својот сонародник Џеј Кларк.

Во Истборн го совлада Кецмановиќ и Пол, пред да загуби од Бруксби, на Квинс го победи Тиафо и загуби од Накушима, а во Хертогенбос врза три победи и од квалификациите стигна до второто коло.

Фото: Wimbledon/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…