Дома Фудбал Преговорите започнале. Фудбалерот е расположен за трансфер, Арсенал може да добие засилување од 60 милиони фунти!

Преговорите започнале. Фудбалерот е расположен за трансфер, Арсенал може да добие засилување од 60 милиони фунти!

Еберечи Езе го отвори патот за потенцијален трансфер во Арсенал, при што ѕвездата на Кристал Палас наводно е заинтересиран за приклучување кон клубот од Северен Лондон. По првичниот контакт оваа недела, преговорите помеѓу Арсенал и играчот напреднале, при што за Езе е интересен долгорочниот проект на Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арсенал е добро информиран за условите на откупната клаузула на Езе, за која се верува дека е повеќе од 60 милиони фунти. Очекуваат понатамошни разговори во наредните денови додека клубот ги разгледува следните чекори во обидот да дојде до потписот на талентираниот англиски репрезентативец.

Динамичните настапи и разноврсноста во играта на Езе го прават еден од најпосакуваните офанзивни играчи во Премиер лигата, а неговото пристигнување значително би го засилило тимот на Микел Артета пред новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски репрезентативец пред трансфер во Казахстан!

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е пред нов интернационален предизвик во кариера…