Дома Фудбал Куртоа убеден: Можеме да го стигнеме Сити!

Куртоа убеден: Можеме да го стигнеме Сити!

Тимот на Челзи оваа сезона не започна баш најдобро, но по победата над Манчестер Јунајтед во дербито од Премиер лигата атмосферата во таборот на „сините“ е значително подобрена.

По победата над Манчестер Јунајтед во тимот на Челзи владее голем оптимизам, па така одличниот голман на „сините“ Тибо Куртоа тврди дека неговиот има капацитет до крајот на сезоната да го стигне Манчестер Сити.

„Минатата сезона Манчестер Сити имаше предност од осум бодови, но потоа успеавме да ја надополниме предноста. Се надевам дека ќе започнат да губат бодови, сезоната е долга и има уште многу за играње“, зборуваше искусниот голман за англиските медиуми.

„Сините“ во следното коло кое се игра по репрезентативната пауза ги очекува натпревар против тимот на Вест Бромвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…