Дома Моторспорт „Бомба“: Верстапен започнал преговори за заминување од Ред Бул, познато и со кој тим!

„Бомба“: Верстапен започнал преговори за заминување од Ред Бул, познато и со кој тим!

Големи вести пристигнаа за Макс Верстапен, а ги објавија новинарите на Sky Sports од Италија.

Верстапен има 27 години и е еден од водечките возачи во Формула 1.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По речиси десет години поминати во Ред Бул, холандскиот возач би можел да замине и да потпише за нов тим.

Станува збор за тоа дека Верстапен е силно поврзан со можност за трансфер во Мерцедес, а Џорџ Расел потврди дека се одржале разговори.

“Нормално е да има разговори помеѓу луѓето. Јас немам за што да се грижам. Постојат две седишта во секој тим на Формула 1,” изјави Расел.

Од својата перспектива говореше и човекот од тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

“Има многу шпекулации и сметам дека Макс едноставно ужива овде, а сите овие гласини за заминување го вознемируваат.

Јасни сме со договорот кој Макс го има до 2028 година. Не посветуваме многу внимание на други работи.

Разбирам дека Џорџ е вознемирен бидејќи уште нема нов договор, но тоа е меѓу него и неговиот тим.

Ситуацијата со Макс е многу јасна и знаеме каде сме, исто така знае и Макс,” изјави Хорнер.

Но, вистинската сензација ја лансираше Sky Sports F1 Италија.

“Големи вести од Формула 1. Мерцедес започна конкретни преговори со Макс Верстапен. Холанѓанецот сака промена следната сезона,” стои во нивната објава.

Реакциите на навивачите следуваа веднаш.

“Ред Бул без Макс е само енергетски пијалок.”

“Кристијан Хорнер не може да ја задржи својата работа ако Верстапен замине кај неговиот жесток противник Тото Волф.”

“Тото виде дека Ред Бул има проблеми и најде совршена можност да се обиде да го привлече Макс.”

Фото: Oracle Red Bull Racing/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…