Дома Фудбал „Детонација“ во Минхен: Баерн ќе биде страв и трепет за ривалите

„Детонација“ во Минхен: Баерн ќе биде страв и трепет за ривалите

Баерн од Минхен подготвува уште една трансфер бомба. Германскиот шампион тргна по ѕвездата на Ливерпул, Луис Диаз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Луис Диаз е новата цел на Баерн. Баварците се во потрага по крилен напаѓач и решиле да тропнат на вратите на Ливерпул.

Иако сѐ уште не испратиле официјална потврда, 28-годишниот Колумбиец е прв избор на германскиот шампион. Преговорите би можеле да започнат многу брзо.

Пишувањата на германските медиуми ги потврди и трансфер гуруто Фабрицио Романо. Тој имаше конкретни информации за интересот за Диаз.

„Можам да ја потврдам информацијата што ја објави Билд денес. Баерн се обрати на луѓето кои се грижат за кариерата на Луис Диаз”, изјави Романо и додаде:

„Не беше доставена никаква официјална понуда, само разговори. Бајерн сака да ја види целата ситуација околу фудбалерот. Ќе видиме што ќе се случи, но трансферот не е нереален”, рече тој.

Покрај Диаз, Баварците се поврзуваат и со Габриел Мартинели од Арсенал и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, но досега нема официјални понуди.

Луис Диаз од 2022 година е член на Ливерпул. Пристигна од Порто за 54 милиони евра.

Со договорот е врзан за Црвените до летото 2027 година, а за англискиот првак одигра 148 натпревари со учинок од 41 гол и 23 асистенции.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во …