Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го мина првото коло на Вимблдон, но ептен ги загрижи навивачите

Ѓоковиќ го мина првото коло на Вимблдон, но ептен ги загрижи навивачите

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон. Српскиот тенисер синоќа го победи Французинот Александр Мулер со 3:1, по сетови 6:1, 6:7, 6:2 и 6:2.

Новак Ѓоковиќ со помали проблеми успеа да се пласира во вториот круг на Вимблдон. Александар Мулер пружи отпор, но не доволен за некое изненадување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Доминацијата на српскиот тенисер започна веќе од првиот гем. Пропушти три брејк шанси, но брзо го разби ривалот, правеше што сакаше на теренот и го доби првиот сет со 6:1 за само половина час игра.

Малку посилен отпор Мулер пружи во вториот сет. Постојано Ѓоковиќ му го напаѓаше сервисот, а овој спасуваше еден по еден.

Дури 11 брејк и четири сет топки пропушти Новак, па овој дел од играта отиде во тај-брејк. Таму се случи изненадувањето, Мулер спаси уште две сет топки и потоа со три врзани поени го освои сетот со 7:6 (9-7).

Потоа следеше подолга пауза за да се затвори кровот, па Ноле мораше експресно да ја заврши работата во преостанатите два сета за да го заврши мечот до полноќ и да избегне продолжување на натпреварот во некој од утрешните термини.

Потоа Новаку му беше укажана и лекарска помош поради отежнато дишење. Загрижувачки изгледаше во тие моменти српскиот тенисер, но потоа станува и во петтиот гем доаѓа до голем брејк и го скрши Мулер. До крајот на третиот сет Ѓоковиќ беше сигурен. Го освои сетот со 6:2 и дојде до предност од 2:1.

Мулер на почетокот на четвртиот сет пропушта две брејк шанси. Следеше потоа нападот на Ѓоковиќ на сервисот на противникот, повторно беше успешен и доаѓа до предноста.

Французинот, меѓутоа, играше навистина добар тенис. Напаѓаше и тој на сервисот на Новак, но без успех, па Србинот и натаму ја имаше предноста.

На крајот Мулер повеќе немаше сила да направи нешто. Ѓоковиќ го доби овој дел од играта со 6:2 и се пласира во второто коло на Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против специјалист за трева: Одреден и терминот!

Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со специјалист за тревна површина и домашна публика во второто к…