
Екипата на Манчестер сити го заврши својот прв настап на Светското клупско првенство со пораз од Ал Хилал во продолженијата на натпреварот во Орландо, а еден од потресните моменти се случи во 100. минута кога Родри излезе од игра.
Овој тек на настаните не би бил изненадувачки ако се земе предвид дека шпанскиот репрезентативец, кој минатата сезона го пропушти поради сериозна повреда, влезе во игра во второто полувреме.
You’re a sick man if you’re enjoying this Rodri downfall 💔 pic.twitter.com/W02KVFxavn
— RMFCTeam (@RMFC_team) July 1, 2025
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Според зборовите на Пеп Гвардиола, освојувачот на Златната топка за 2024 година самиот побарал замена, па менаџерот одлучил во дополнителното време да му даде шанса на Фил Фоден.
Иако не беше прецизирано што точно се случи, зборовите на Гвардиола и не внесуваат многу оптимизам во однос на состојбата на Родри.
“Ќе видиме што ќе биде понатаму со Родри. Се пожали за својата состојба, но му е потребно време да се врати,” беше краток Гвардиола, кој се уште памети како Родри пред две години му ја донесе титулата европки шампион против Интер во Истанбул.
Родри за првпат се врати на теренот ова лето по повредата што го следеше од септември. Гвардиола полека му го зголемуваше времето на игра, а пикот беше против Јувентус во третото коло од групната фаза каде што блесна и беше еден од најдобрите на теренот.
Се очекуваше неговата форма да продолжи да расте, но новата повреда го спречи да се истакне против Ал Хилал.