Дома Останати Тенис Одигра епски меч со Алкараз, па замина и плачеше во соблекувалната на Вимблдон

Одигра епски меч со Алкараз, па замина и плачеше во соблекувалната на Вимблдон

Неодамна се збогува Фабио Фоњини од Мастерсот во Рим и комплексот „Форо Италико“, а сега дојде на ред и збогувањето од Вимблдон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Никој не очекуваше дека 38-годишникот ќе даде толку силен отпор против Алкараз, дека ќе игра четири и пол часа и ќе освои два сета. Сето тоа го направи Фабио Фоњини и ги освои симпатиите на публиката, и покрај поразот.

На крајот беше 7:5, 6:7, 7:5, 2:6, 6:1 за Шпанецот, кој во второто коло ќе се сретне со Британецот Оливер Тарвет, кој не е ниту во топ 700 на АТП ранг листата. Се очекува полесна задача во однос на Фоњини, кој на прес-конференцијата по дуелот откри дека плачел.

„Плачев во соблекувалната. Искрено, не очекував да играм пет сета против него. Немав никакви очекувања денес, имајќи предвид како дојдов на овој меч. Мислам дека нема подобар начин да се простам од Вимблдон или дури и од тенисот“, најави Фоњини.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …