Дома Фудбал Гвардиола разочаран, а Инзаги воодушевен порача: Како да искачивме Монт Еверест без кислорорд!

Гвардиола разочаран, а Инзаги воодушевен порача: Како да искачивме Монт Еверест без кислорорд!

Тренерот на фудбалерите на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, ја спореди победата од 4:3 против Манчестер Сити во осминафиналето на Светското клупско првенство со искачување на Монт Еверест без кислород.

“Клучот за овој успех се играчите и страста која ја покажаа на теренот. Против моќниот Сити моравме да направиме нешто исклучително и успеавме. Тоа беше како искачување на Монт Еверест без кислород. Сите играчи беа извонредни, и во моментите кога ја имавме топката и кога игравме без неа. Нашата организација беше на врвно ниво, играјќи технички одлично против многу агресивен тим. Гвардиола според мене е најдобриот тренер во светот, но вечерва заслужено остваривме успех”, изјави Инзаги.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од другата страна, менаџерот на Манчестер Сити, Пепе Гвардиола, изрази жалење за пропуштените можности.

“Ова е натпреварување на ниво на Светско првенство. Нашите крила беа извонредни против дефанзивно насочен противник, создадовме многу шанси, но Боно беше неверојатен во одбраните. На крајот од денот, мораш да постигнеш голови, мораш да бидеш ефикасен. Единствената работа за која жалам е тоа што им дозволивме премногу простор за трчање. Сакаме да продолжиме понатаму, но сега се враќаме дома и време е за одмор и подготовка за следната сезона”, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…