Дома Фудбал Ракитиќ остана без договорот со Хајдук – каде ќе ја продолжи кариерата?

Ракитиќ остана без договорот со Хајдук – каде ќе ја продолжи кариерата?

На Иван Ракитиќ му истече договорот со Хајдук. Тој пристигна во клубот во јули минатата година и потпиша едногодишна соработка со опција за продолжување за дополнителна сезона.

Хајдук официјално не соопшти дека тоа продолжување е активирано. Поранешниот играч од средниот ред на хрватската репрезентација одигра 39 натпревари за Хајдук, со постигнати два гола и пет асистенции.

Ракитиќ досега играл за Базел, Шалке 04, Севилја, Барселона, Ал-Шабаб и Хајдук Сплит.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арена Спорт лансира нов канал: Спорт за деца и млади

Арена Спорт најави нов канал посветен на спорт за деца и млади, прв од ваков вид во регион…